Пропадна и осмиот обид за избор на спикер на бугарското собрание

Уште еден неуспех забележаа пратениците во обидите да изберат претседател на бугарското Собрание.

Наталија Киселова од БСП и Силви Кирилов од ИТН денеска се пласираа во вториот круг.

Иако ја доби поддршката од ГЕРБ-СДС, Киселова не победи. Ниту Кирилов.

Следниот обид за избор на претседавач ќе биде на 4 декември, 11 часот.

Тоа значи дека повеќе од еден месец по неговото отворање, Националното собрание нема да работи апсолутно никаква работа.

Дури и носењето на државниот буџет за следната година останува под знак прашалник.