Сестрите Кардашијан се светски феномен што најдобро се забележува по социјалните мрежи каде секој нивни чекор е следен од милиони обожаватели. Голем дел од младите девојки во светот се обидуваат да ги копираат, имитираат, па дури се подложуваат и на пластични операции.
Две девојки, сестрите Соња и физа Али од Дубаи го постигнале тоа без никаква интервенција. Тие се идентични на Ким и Кајли Џенер до толку, што многумина не ќе можат ни да ја забележат разликата.
Најинтересното од се е што Соња и Физа од Дубаи воопшто немаат намера да ги копираат славните Американки со Ерменско потекло. Тие признават дека дури и не ги гледаат нивните ријалити програми, а негираат дека размислуват за живот сличен на која е да е од сестрите Кардашијан.