Девојка која исчезнала пред 52 години е пронајдена жива и здрава откако полицијата објавила нејасна фотографија од неа, решавајќи еден од најдолгите случаи на исчезнување во Британија, пишува Гардијан.
Шејла Фокс, сега 68, исчезнала од Ковентри во 1972 година кога имала 16 години. Во тоа време, полицијата рече дека девојката, која живеела со нејзините родители, можеби била во врска со маж и верувале дека постои можност таа да се пресели далеку.
Полицијата завчера упати нов апел да се јават луѓето кои можеби знаат нешто за Шила, заедно со нејзината матна фотографија од времето кога исчезнала. За само неколку часа добиле неколку пријави и вчера официјално потврдиле дека Шејла Фокс живее во друг дел од земјата.
Засега нема повеќе детали за тоа каде точно е пронајдена Шејла и што и се случувало во изминатите 50 години.