Во Кривичниот суд во Скопје денеска се очекува да продолжи судењето за грабнувањата и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, со изведување на преостанатите докази на Јавното обвинителство.
На почетокот на денешното рочиште ќе биде соопштена одлуката на претседателот на Судот, Иван Џолев, во врска со барањето на првообвинетиот Палевски за изземање на судијата Ивица Стефановски.
Од Кривичниот суд велат дека пред да дознае јавноста, за одлуката на претседателот Џолев треба да бидат известени сите странки во постапката. Ако биде донесена одлука за изземање на судијата, судењето ќе почне од почеток, пишува Плусинфо
За убиствата на Вања и Панче обвинети с Љупчо Палевски Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Ванчо Кешишев како директни извршители, а таткото на Вања, Александар Ѓорчевски е обвинет за помагање во грабнувањето на неговата ќерка.