Во Основниот суд Струга денеска треба да продолжи судската постапка против градоначалникот на општината Рамиз Мерко за незаконското именување на директори во основните училишта во општина Струга.
Против него се поднесени девет пријави за злоупотреба на службената положба.
Вчера се одржаа две судски рочишта, за набавка на возило Ауди А6 за потребите на општината и за незаконско поставување на спомен плоча на зградата на општината.
Рамиз Мерко е на „црната листа“ на САД поради вмешаност во корупција.