Претежно сончево и топло време со температури до 39 степеми Целзиусови најавуваат метеоролозите за денеска.
Во Скопје сончево и топло со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 38 степени.
И наредната недела се очекува да продолжи сончевото и топло време со мала до умерена локална облачност.
Утре минималната температура ќе биде од 12 степена до 22 степена, а максимална температура од 33 степени до 40 степени.
Вторникот ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветар. Минималната температура ќе биде од 13 степени до 23 степени, а максималната температура од 31 степени до 38 степени.