Министерка за транспорт на Велика Британија, Луиз Хеј, поднесе оставка откако се изјасни за виновна за прекршок пред неколку години со која ја довела во заблуда полицијата дека ѝ е украден мобилниот телефон.
Нејзината оставка следеше по медиумските извештаи дека во 2014 година била осудена и условно ослободена за, како што рече, нејзина „грешка“.
Хеј во вчерашното писмо до премиерот Стармер појасни дека на полицијата ѝ кажала дека мобилниот телефон и бил украден при едно ноќно излегување во 2013 година, но подоцна открила дека телефонот сè уште е во нејзиниот дом.
Во своето писмо за оставка, Хеј вели дека се повлекува бидејќи прашањето „неизбежно ќе ја наруши работата на владата и политиките на кои сме посветени“.