Принцезата Амира – спој на модерното и традиционалното

Амира ат-Тавиљ е 33-годишна принцеза од Саудиска Арабија која инспирира со својата желба светот да го направи подобро место за живеење. Принцезата се бори против сиромаштијата и последиците од природните непогоди. Учествува во многу хуманитарни организации, сама отворила центар за заштита на младите во Западна Африка, помогнала на жртвите од поплави во Пакистан, отворила Центар за изучување на Исламот на Универзитетот во Кембриџ и ја предводела мисијата за помош на Сомалија. Таа е меѓу првите жени во нејзината земја која одбила да носи Абаја – долг, широк фустан кој го покрива целото тело и почнала да носи модерна облека. Поточно, таа носи комбинација на модерни и традиционални парчиња на облека.

Меѓу другото, таа се разликува и по други работи од традиционалниот начин на живеење. Вози автомобил, стекнала високо образование во САД и добила диплома за Бизнис Администрација.

Принцезата смета дека сите жени во нејзината земја треба да имаат право за избор и се обидува тоа да го претвори во реалност.