Призма: Кои се партнерите на вицепремиерот Анѓушев од Белизе?

Балканската истражувачка мрежа БИРН истражува кој е основачот на фирмата „Макинвент“ која што е регистрирана  на островот – даночен рај Белизе, со кого новиот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев односно неговата фирма „Феро Инвест“ е во партнерски односи.

Проектот на БИРН, Призма  за овој случај се заинтересиал пред две години но вицепремиерот и откако стана дел од новата влада не открива кои му се партнерите со кои соработува преку Белизе.

Мистериозната „Макинвент“,„Феро Инвест“ на Анѓушев и фирмата на неговиот кум Митко Кржовски го сочинуваат конзорциумот „Хидро Осогово“, кој управува со четирите мали хидроцентрали на цевководите преку кои вода добиваат граѓаните на Крива Паланка, пишува Призма во својата анализа.