Во акција на Обвинителството и полицијата, вчера (17 октомври), биле приведени 13 лица, во тетовско и во Охрид, осомничени за посредување во вршење проституција и недозволена трговија со дрога. Едно лице е во бегство.
„Групата одреден временски период се занимава со посредување во вршење проституција и недозволена трговија со дрога, а нелегално стекнатите приходи од овие кривични дела припадниците на групата ги прикривале со перење пари и други приноси од казниво дело“, соопшти Јавното обвинителство.
Група ја создал 35-годишник од селото Боговиње.
Тој ги организирал и координирал криминалните активности на другите припадници на групата и во угостителски објекти во Жеровјане и Горно Седларце.
Во Охрид наведувал на проституција девојки-странски државјанки кои работеле како танчерки во стриптиз-клубови.