На 28.12.2024 година во времето од 01.00 до 02.15 часот полициски службеници од СВР Тетово извршиле акциска контрола во Угостителски објект во село Желино, каде биле затекнати и приведени две странски државјанки.
Станува збор за 20-годишна Ш.Д. од Украина и 27-годишна И.Д. од Молдавија, кои го злоупотребиле туристичкиот престој и престојувале спротивно на целта.
Тие биле задржани во Полициска станица за понатамошна постапка.