Претседателката се поклони на гробот на великанот Гоце Делчев

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 122-годишнината од смртта на великанот на македонското револуционерно дело Гоце Делчев, положи свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, информираат од нејзиниот кабинет.

Одбележувањето започнало со Панихида, отслужена од страна на Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан, во сослужение со свештениците од Скопската епархија.

Свежо цвеќе положиле и делегации на Владата, на Собранието, претставниците на дипломатскиот кор, на политичките партии, на граѓански здруженија и бројни други почитувачи на ликот и делото на Делчев.