Германскиот дипломатски ветеран Кристоф Хојсген се расплака при емотивното заминување од местото шеф на Минхенската безбедносна конференција (МСЦ) на крајот на овогодинешниот настан.
Хојсген (69), кој беше долгогодишен советник на поранешната канцеларка Ангела Меркел, покажа видливи емоции додека му ја предаваше својата функција на поранешниот генерален секретар на НАТО Јенс Столтенберг во хотелот Бајеришер Хоф.
Хојсген се расплака додека зборуваше дека по говорот на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс веќе не постои заедничка база на вредности и им се заблагодари на европските политичари кои ги бранат тие вредности пред се на украинскиот претседател Зеленски.
Откако не успеа да го доврши својот говор Хојсген доби аплауз од учесниците.
Американскиот потпретседател ЏД Венс преходно упати остри критики до европските политичари кои меѓу другото ги обвини за руинирање на демократските вредности со помош на цензура на политичките противници и менување на легално избрани шефови на држави и влади.
Целата ситуација во видеото