Пресврт: За Таравари „ништо не ја поврзува АА со Беса и Алтернатива“, признава дека „ќе биде губитник“ на претседателските избори!

„Арбен Таравари, разрешениот лидер на Алијансата за Албанците на конгресот, но сепак формален лидер и натаму на хартија, изјави во емисијата ‘Дебата плус’ на ТВ Дукаѓини од Косово дека неговата партија ќе биде заедно со албанските опозициски партии само до изборите, но не и потоа. Тој нагласи дека Алијансата за Албанците нема ништо, што ја поврзува со Беса и Алтернатива, дополнувајќи дека АА ќе продолжи да соработува со нив, но како самостојна партија, која има најголем кредибилитет да раководи со опозицијата!“ објавија информативниот портал „Индекс.мк“, „Тетова сот“ и други медиуми на албански јазик во Македонија во неверојатната информација со наслов „По изборите ќе го напуштиме Европскиот сојуз за промени – со Беса и Алтернатива не не поврзува ништо“. Редакцијата на „Експрес.мк“ изврши превод од албански на македонски јазик на изјавата на Таравари, во тонска форма поместена на интернет-страницата на „Тетова сот“, од што се потврдува дека тој и навистина нагласува оти „АА како самостојна партија нема ништо со Беса и Алтернатива“ и дека „ќе биде во опозицискиот Европски сојуз за промени само до изборите“! Ова истапување на Таравари во „Дебата плус“ на косовската ТВ Дукаѓини значи целосен пресврт во неговата позиција наспрема албанските опозициски партии, кои дури и веќе ги напаѓа, но и кон сопствената веќе официјализирана и прогласена претседателска кандидатура!

„Индекс.мк“ пренесува: Нагласувајќи дека е многу решителен и повторувајќи неколку пати, Таравари рече дека Алијансата за Албанците не ја поврзува ништо со Беса и Алтернатива! Тој дури потсети дека токму Движењето Беса во 2020 година ги наруши плановите на опозицијата за обединување.Ние сме самостојна партија. Ќе ја водиме битката до изборите, а по изборите секоја партија ќе си биде самостојна. Не ме поврзува ништо со Беса и Алтернатива!– рече Арбен Таравари.“

​„Во 2020 соработувавме со Алтернатива, со Беса, ги молевме во 2020 да бидеме заедно. Кои и да беа тие, со нив не не поврзува ништо.’ – додаде Таравари. Тој додаде и дека Алтернатива е дериват, партија изведена од ДУИ, нешто што е неспорно“.

„Иако еден ден претходно самиот ја прогласи својата кандидатура за претседател, вечерва во емисијата ‘Дебата плус’ Таравари призна дека разбрал оти влегол во еден натпревар во претседателските избори, од кој ќе излезе како губитник. Тој призна дека е тешко, речиси и неможно Албанец да победи во таа трка за претседател на * Македонија.“

„Таравари посочи дека дека можностите и желбите се две работи, меѓу кои постои разлика. ‘Тешко е, многу тешко да гласаат македонските гласачи за албански кандидат. Можности постојат, но мала е веројатноста.“