Профилот кој на социјалната мрежа Фејсбук се претставува како Андон Ќосето ноќеска упатил сериозни грозоморни закани по животот на премиерот Заев и неговото семејство.
Во објавата на Фејсбук се вели : “Копилето муртинско без мнозинство ја презеде власта. Доста беше 3 месеци ја разниша Македонија. Време е за ликвидација на сите антимакедонски структури. Полека но сигурно со нож во рака ќе се решаваат изродите. Ликвидација на цела фамилија Заеви. Најпрво неговите деца. До таму дојде. Со почит”.
Со оглед на тоа што се работи за важна политичка функција и сериозноста на заканите Министерството за внатрешни работи во соработка со компанијата Фејсбук за неколку часа може да открие од кој ИП број односно од кој компјутер се упатени заканите.
Упатување закани преку социјалните мрежи е санкционирано со македонското законодавство и ако не се работи за обид на владата со вакви закани да се дефокусира јавноста за скандалот со лажната средба меѓу премиерот Заев и претседателот на САД Трамп, тој што ги упатил заканите може да заврши в затвор.