Информативната сесија, насловена „Граѓанска регистрација и бесплатна правна помош – бидете видливи, регистрирајте се!“, е организирана од заедничките проектина ЕУ и Советот на Европа „За консолидиран и поефикасенсистем за бесплатна правна помош (БПП) во Македонија“ и „Интеграција на Роми – Фаза III“. Настанотсе одржува во соработка со Македонското здружение на млади правници, Министерството за правда на Македонија, овластени здружнија на граѓани и правниклиники кои обезбедуваат бесплатна правна помош.
Основна цел на проектот е да се зголеми свеста кајграѓаните, особено кај припадниците на ромската заедница за процесот на граѓанска документација и поддршката штое достапна преку системот за бесплатна правна помош.
„Јавната свест и информациите се клучни зафункционирањето системот за бесплатна правна помош. Граѓаните треба да знаат дека, под одредени услови, можат да ги решат некои од нивните проблеми и да гизаштитат своите права со поддршка на бесплатнатаправна помош. Со обезбедување бесплатна правна помош заоние кои не можат да си ја дозволат, системот на правнапомош придонесува за поправедно и поеднакво општествокаде што правдата е достапна за секого, бездискриминација“ – Ирена Цуцулоска Јакимовска, сениот проектен менаџер во канцеларијтата на Совет на Европа
Презентациите „Граѓанска регистрација и бесплатна правнапомош – бидете видливи, регистрирајте се! е дел од серијаактивности за подигнување на свеста, кои имаат за цел да гопромовираат процесот на граѓанска регистрација и користењето на услугите за бесплатна правна помош во Македонија, особено кај припадниците на ромскатазаедница. Вакви активности ќе се организираат во различниопштини, за да им обезбедат на што е можно повеќе граѓани, детални информации за тоа каде и како може да побараат бесплатна правна помош, кои субјекти јаобезбедуваат и како овој механизам може да помогне вопроцесот на граѓанска регистрација.
Иницијативата за подигање на свеста кај граѓаните за користењето на бесплатната правна помош, спроведена од2020 година во Македонија со поддршка на ЕУ и Советот на Европа, има за цел да ги промовира услугите забесплатна правна помош како достапен и функционаленмеханизам, нудејќи ефикасна правна заштита на граѓанитеи, најважно, обезбедувајќи еднаков пристап до правда заоние лица кои поради финансиската состојба, тоа не можат да си го дозволат.
За повеќе информации и техничка поддршка:
Ирена Цуцулоска Јакимовска: irena.cuculoska-jakimovska@coe.int / + 389 2 3100 326


