За уривање на власта, односно изгласување недоверва беа 54 народни пратеници, против 150.
„За“ гласаа пратениците од „Вазраждане“ (33), од МЕЧ 11 и од Величие (10), а другите парламентарни групи гласаа против.
Гласањето недоверба на бугарската влада беше предложено од партијата „Вазраждане“ која размислува да иницира и уште едно гласање за недоверба.
Премиерот Росен Жељазков им се заблагодари на пратениците кои не го поддржаа изгласувањето недоверба, порачувајќи дека ја поддржуваат волјата на народот кој сака европска иднина на Бугарија.