Грчкиот композитор Микис Теодоракис пред 70 години ја испеал химната на ЕАМ – ЕЛАС односно
Национално ослободителен фронт на Грција, потсетува историчарот Димитар Љоровски Вамваковски.
Денеска тој во Атина фрлаше “дрвја и камења” по левицата која ја обвини за предавство затоа што сака да прифати зборот Македонија да биде дел од решението за името.
ЕАМ – ЕЛАС (НОФ, НФ, Ethniko Apeleftherotiko Metopo, скретено ЕАМ, на грчки: Εθνικό Απελευθερωτικό Μέτωπο), била масовна политичка организација за борба, на целото население на Грција во текот на Втората светска војна, против италијанските, германските и бугарските окупатори.
Главна улога во фронтот имала Комунистичката партија на Грција. На многу начини, ЕАМ наликува на југословенскиот НОФ (Народно ослободителен фронт).