Предвидување: За 35 години ќе се распаднат над 97 % од државите

Во годината 2053 планетата ќе изгледа сосема поинаку од состојбата во која била пред неколку децении, е тезата од книгата “Третата империја”, на рускиот писател на научна фантастика Мика Јурјев. Според него, Земјата тогаш ќе се состои од пет супер – земји:

– Американската федерација – која ги вклучува Северна и Јужна Америка

– Индиската Конфедерација – се состои од денешна Индија и Мјанмар

– Азиска република – составена од Монголија, Јапонија, Папуа, Нова Гвинеја, Австралија и Нов Зеланд, каде ќе доминира Кина

– Исламски Калифат – ќе ја покрива целата Африка, Арапскиот Полуостров, Сирија, Ирак, Иран, Ерменија, Туркменистан, Узбекистан, Пакистан и Индонезија

– Руската империја – таа ќе ги обедини Русија, Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Азербејџан, Грузија, Либан, Израел, Јордан, цела Европа и Гренланд!

 

Микаил Јурјев е бизнисмен од Русија, поранешен претседател на Советот за економија и претприемништво со владата на оваа земја, како и поранешен портпарол на Думата. Тој е ултра – националист, кој сака да ја види силна Русија која ќе се базира на принципите на православното христијанство.

Ова се некои од цитати од овој автор:

– Русија повторно мора да го добие статусот на империјалистичка сила!

–  Русија  дом за сите Руси!
– Сите оние кои тврдат дека различни парични средства и западните валути се единствено решение за изградба на руската економија се нашите непријатели! 

– Сите оние кои велат дека државата нема право да биде запознаена со основите на Православието во училишната програма се нашите непријатели! 

Во текстот кој го пренесува порталот криста.мк се вели дека сепак Мика Јурјев е само автор на научна фантастика.