Претставниците на Синдикатот на работници на Југохром му го изложиле проблемот на Премиерот Зотам Заев кој во разговорите бил придружуван од вицепремиерот задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, заменикот на претседателот на Владата и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и претставникот од Министерството за животна средина, Лирим Шабани. Тие биле запозчнати со проблемите со кои се соочени изминатите месеци, по престанокот на работа на комбинатот и со желбата да се најде решение.
“Станува збор за можноста за обезбедување плати за 1.200 луѓе. Но исто така интерес и на општеството е овој единствен индустриски капацитет во тетовскиот регион да работи. Со тоа ќе прави профит, ако работи добро, ќе има можност и за повисоки плати на вработените и за нови вработувања, а тоа ќе придонесе и кон развојот на економијата кон што сме силно определени”, смета Заев кој е свесен и за еколошкиот проблем што го следи Југохром.
“Но важно е, за здравјето и на работниците и на сите граѓани во регионот, да бидат задоволени и потребните еколошки стандарди. Како што ветивме, еден од првите чекори што ги правиме е нашата заложба да помогнеме во решавањето проблемот со работата на Југохром”, рекол Премиерот по средбата со синдикалците од Југохром.
Тетовците вработени во Југохром се надеваат дека ќе дојде до брзо решение во кое треба да учествуваат и споствениците на комбинатот, а да бидат консултирани и еколошките здруженија.
“Се надевам дека со оваа влада ќе најдеме решение. Денеска се видовме и ги сослушаа нашите барања и ќе инсистираат да се видат со инвеститорот кој ќе даде гаранции за градење на филтри. Оваа влада се грижи за екологијата”, изјави Бајрам Амити од синдикат на Југохром.