Според неофицијални информации еден од првите сменети владини фуннкционери од старата влада ќе биде директорот за јавна безбедност Митко Чавков кој по 27 април земал одмор а наскоро се очекува да замине во пензија.
Поради пропусти во работата за време на нападот во Собранието на 27 април разрешување на Чавков побара и екс министерот во МВР Агим Нухиу кој формираше работна група која ја утврдува одговорноста на Чавков и на структурите во МВР за настаните во Собранието.
Извесно е дека на денешната седница ќе бидат избрани генерален секретар на владата и директор на владината Службата за општи и заеднички работи.