Додека Доналд Трамп беше на средба со лидери на НАТО во Брисел, неговата сопруга Меланија се најде во друштво на првите дами, и на еден прв сопруг. Имено господинот Гатие Дестени, партнер на актуелниот Премиер на Луксембург, Хавиер Бетел им се приклучи на сопругите на светските лидери од што остана за историја оваа фотографија.
44. годишниот Бетел и белгискиот архитект Дестени се во врска од 2010. година, а од 2015. кога беше усвоен законот за заедниците во Луксембург се во брак. Бетел е третиот јавно деклариран геј Премиер во Европа по Исланѓанката Јохана Сигурдадотир и Белгиецот Елио Ди Рупо.