Прва посета на идниот германски канцелар ќе биде во Киев

Украинските власти ги поканија европските лидери во Киев на 9 мај за да ја покажат поддршката на ЕУ за Украина пред годишната парада на Денот на победата што ќе се одржи во Москва, објави Политико.

Во понеделникот, украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибига, ја упати поканата до своите колеги од ЕУ за време на состанокот во Луксембург, барајќи од нив „да покажат единство и решителност пред најголемата агресија во Европа по Втората светска војна“.

Два дипломатски извори објавија дека веќе се водат разговори за можна посета на Украина на почетокот на мај на шефови на држави, вклучително и идниот германски канцелар Фридрих Мерц.

За Мерц, кој ќе ја преземе функцијата на почетокот на мај, посетата на Киев може да биде прво патување во странство.