Станува збор за 27. годишната манекенка Ксенија Дели која деновиве на Инстаграм се пофали со фотографии од прославата на нејзината прва годишнина од бракот, но на фотографиите, како што може да се забележи, таа е сама и без нејзиниот богат сопруг Осам Фатиј Рабах Ал-Шариф.
Манекенката, која ја красеше и насловната страна на „Плејбој“, лани се омажи за 36. години постариот бизнисмен Осам Фатиј Рабах Ал-Шариф, со кого била во врска помалку од една година. Оваа нејзина венчавка од соништата на грчкиот остров Санторини. чинеше повеќе од еден милион евра.
Дваесет и шестгодишната Ксенија Дели стана позната ширум светот откако се појави во спотот за „What do you mean“ на Џастин Бибер, со кого имаше и кратка афера.