„Дали имаш против доколку припадник на Сирија, Авганистан, Ирак, Иран дојде да живее во твојата зграда или соседство, да ти биде пријател…“
Ова биле само само дел од прашањата од анкетата поделена меѓу деца од петто и шесто одделение во ОУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија. Тие прашалниците требало да ги пополнат заедно со нивните родители, пишува порталот „Факултети.мк“.
Прашањата на тема интеграција на мигранти и бегалци предизвикаа лавина реакции по социјалните мрежи кај гевгеличани.
Анкетата била дел од поголем проект под наслов „Градиме заедно: мониторинг-застапување на локалните заедници“, чиј носител е Здружението на правници на Република Македонија.
Во проектот соработувале повеќе локални институции – Центарот за социјална работа и Министерството за труд и социјала, како и Фондацијата „Конрад Аденауер“, а е финансиран од Европската Унија.