На изјавата на премиерот Зоран Заев дека „Косово може да смета на поддршката од Македонија во сите процеси“ пратеникот во македонското Собрание, Иван Стоилковиќ, реагира со повикувањето на Србија да спроведе реципроцитет во односите со Македонија.
„Заев не сака и не може да го одржи зборот, ниту политиката на македонската Влада ќе биде во спротивност со интересите на Албанците во регионот, но и на САД, како главен покровител на косовската независност и на актуелната Влада во Скопје. На Србија не ѝ е во интерес да ги залади односите со Македонија, но ако тие продолжат да се однесуваат спротивно на нашите интереси, политиката на Белград треба да биде воведување реципроцитет во односите“, изјави лидерот на Демократска партија на Србите во Македонија.
Пратеникот се залага за реципроцитет на сите нивоа, а не само во однос на признавањето на уставното име.
„На пример, македонските здруженија во Србија од државата добиваат помош од 480.000 евра, а српските организации во Македонија оваа година не добија ништо“, вели Стоилковиќ.