Со повикот од страна на млади машки и тоа со ракија и бонбони, а канењето е за „сучење врпца“ од страна на старите кумови и за одење „по кумови“ во текот на утрешниот ден од страна на старите кумови, денеска и официјално започнува, се отвора празникот Водици, една од најубавите, најдолгите, најбогатите, најколоритните православни прослави во нашата земја.

Адетите не се во целост исти на сите места, села и граодви, и затоа ви го пренесуваме текот на празникот од една локација, од дебарското село Мелничани.

По сучењето врпца што во основа е врзување на црвено белите конци околу крстовите тие вечерва се враќаат во црквата Света Пречиста Богородица со цел да замрзнат пред утрешното пеење во храмот во Дебар. По утринската молитва крстовите се враќаат, а камбаните ги повикуваат машките глави да одат по кумови. Редоследот за Водопос е востановен со векови и вели дека прво се влегува во куќите на старите, па се оди кај новите кумови, а потоа во сите отворени куќи.

По целодневното „шетање“ при кое домаќинките ги дочекуваат кумовите со посна трпеза и лепче кое во секој дом ќе биде пресечено, а сето е проследено со песната Војордање, во текот на вечерта се посетува првиот нов кум.

Манифестацијата „мажење печиво“ се повторува и в петок кај вториот кум, а во тој ден од утринта се посетува црквата, а потоа се заминува на чешмата во месноста Калуѓери на преземање на крстовите и на сечење и поделба на конците кои потоа сите ги носат кај себе во текот на годината. Во другите места на Македонија ова е познатиот чин со фрлањето на крстот во водите, во реките или езерата, а во овој случај е само варијација според условите што постојат. Новите носители од тој миг го преземаат крстот, го носат дома, а во продолжение на денот се враќаат во црквата и го разделуваат лепчето и пецивото на еднакви делови за сите присутни.

Слични обичаи се и в сабота, односно во последниот ден од Водици кога колоната на новиот втор кум тргнува од неговиот дом, а завршува во црквата за распределба на лебот и корите.

Специфика на преубавомо рисјанско село Мелничани сместено во непосредна близина на Дебар се и бакрдите кои се даваат во куќите во кои има нова невеста, а секако, тука се и имендените на Богевци, Јордановци, Јовановци и други.