Судскиот совет односно членовите кои се избрани директно од СДСМ и ДУИ со обичен заклучок сакааат да менуваат законска норма, објавува пратеникот Антонио Милошоски.
Во понеделникот во Судскиот совет се одржал работен колегиум, затворен за јавноста, на кој се отворила расправа за противзаконско продолжување на мандатот на претседателката на РСС.
Милошоски открива дека според законот членот на РСС Весна Дамева на ден 5.12.2022 година избрана е за Претседател на Судскиот совет, а мандатот и завршува на 5 12.2024 година.
,,Членот 8 став (5) од Законот за Суски совет е многу јасен:
Мандатот на претседателот на Советот и на заменикот претседател на Советот трае две години без право на повторен избор.
Сега дел од членовите на РСС, заедно со Дамева, сега се обидуваат на претседателката на Судскиот совет да и дадат бонус продолжување на мандатот од 8 месеци, како компензација за периодот во кој беше неделовнички разрешена од таа позиција во април 2023 година. Со 9 гласа ЗА бил усвоен ваков незаконски заклучок на затворениот колегиум во РСС на 25.11.2024. Овој заклучок е спротивен на чл.8 од Законот за Судски совет, а истиот е и и без основа бидејќи со пресудата на Управниот суд од декември 2023 се поништи неделовничката одлука на РСС и со тоа истата не предизвикува правно дејство”, пишува Милошоски.
Контроверзниот записник на РСС, во кој со заклучок се предлага незаконско продолжување на мандатот на претседателката на Судскиот совет, сега не им се доставува на членовите кои гласале против, открива Милошоски.
,,Циркус во боја. Судскиот совет наместо извор на право и судски стандарди стана создавач на неправо и политички клиентелизам. Со ваквото работење Дамева и нејзинината коалиција во РСС можат да успеат само во едно, и онаа ниска доверба од 2% да ја паднат на уште пониско ниво”, заклучува Милошоски.
Дамева претходно беше дел од повеќе контроверзни ситуации.
Во последната поврзана со случајот Скопски Пазар промовирала судии во Апелација кои сега одлучуваат за предмет вреден 40 милиони денари каде нејзиниот сопруг Младен Дамев се јавува како тужител.
Случајот ќе доживее апсолутна застареност во Мај што со разлика од два месеци се поклопува со продолжувањето на мандатот на Дамева на чело на судскиот совет кој има огромно влијание врз начинот на кои често пати исплашените судии решаваат за предмети поврзани со моќници во правосудството.
Поврзана содржина