Православните верници слават „Прочка“
„Прости ми, да ти простам“.
Со овие зборови православцните верници денеска го одбележуваат гоолемиот празник кога ќе заборават на кавгите, на проблемите, недоразбирањата.
Помладиот од постариот бара прошка со зборовите „прости ми“, а постариот одговара „простено да ти е од мене и од Бога“.
Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните, која треба да го следи примерот на Исус Христос за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето.
Во текот на посебниот чин на проштевање, кое на овој ден се одвива во сите храмови, свештенослужителите читаат молитви за Господ да им помогне на луѓето достојно да го одржат Великиот пост.
Постот значи не само откажување од мрсна и обилна храна, туку и контрола на страстите, и откажување од алкохол.
Велигденскиот пост (или Великиот пост, како што го вика народот) е најстрог и најдолг.
Трае од Прочка до Велигден.
Тука се 40 дена (Четириесетница), од Чист понеделник до Лазарева сабота и уште Страстната недела од Цветници до Велигден, вкупно 48 дена.