Првиот римски император што го признал христијанството, Царот Константин Велики и неговата мајка, царицата Елена, за нивните заслуги во признавањето и ширењето на христијанството имаат празник што се слави денеска. Светата црква ги прогласила за светители и рамноапостолни, што значи дека по значење се рамни на апостолите. Царот Константин спаѓа меѓу најзначајните личности во историјата на човештвото, бидејќи по подолго прогонување на христијанството тој е првиот владетел на големата Римска империја што ја признал оваа вера.
Именден празнуваат: Костадин, Костадинка, Кочо, Елена, Ленка…