Правда за притворените место реваншизам, бара претседателот Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов во своето годишно обраќање во Собрание побара правда наместо реваншизам, посочувајќи ги апсењата на пратеници без симнат имунитет, а уште еднаш ѝ даде поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

„За жал, видовме пратеници со лисици без да им биде симнат имунитетот и граѓани од ‘За заедничка Македонија’ обвинети за тероризам. Не можам а да не ги поддржам оние што повеќе од два месеца на мирен и достоинствен начин искажаа грижа за државните интереси на Република Македонија, бидејќи дел од нивните барања беа и мои барања. Правдата завршува таму каде што реваншизмот започнува. Затоа, потребна ни е правда наместо реваншизам. Поради тоа, изминатиов период постојано повикував и за смирување на тензиите, повикував за ненасилство, за разумно и одговорно однесување“, рече Иванов и додаде: „Патот до помирувањето во Македонија води преку правдата, а патот до правдата води преку вистината“.