Доцна вечерва шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во Вашингтон се сретнал со државниот секретар на САД Рекс Тилерсон.
Американскиот Стејт Департмент на својот профил на Твитер објави фотографија и кратко видео пред средбата во кое Тилерсон го поздравува македонскиот гостин но не даде детали за содржината на разговорите меѓу двајцата министри.
Ова е прва официјална средба на македонски министер за надворешни работи на Македонија со американски државен секретар по 8 години откако Антонио Милошоски се сретна со Кондолиза Рајс, прво во јули 2007 а потоа и во февруари 2008 година.
Во ерата на Обама средба на повисоко ниво меѓу двете земји имало во 2010 година кога во Њујорк на маргините на Генералното собрание на ОН се сретнаа претседателот Иванов и заменикот државен секретар на САД Џејмс Стајнберг.
За време на посетата на Вашингтон Димитров во Вашингтон се сретна со Вес Мичел, помошник државен секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот, Хојт Брајан Ји, заменик-помошник државен секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот и Моли Монтгомери, специјален советник за Европа и Русија во канцеларијата на потпретседателот на САД, Мајк Пенс.
фото и видео: Стејт Департмент на САД