По 11 години опозиција СДСМ ќе добие премиер

До крајот на денот СДСМ по 11 години  повторно ќе добие премиерска функција и можност да ја води македонската влада. За последен пат социјалдемократите ја воделе владата на 28 август 2006 година.

Според се вечерва до 24 часот кога истекува рокот за гласање на предлог владата и нејзината програма нов премиер ќе биде Зоран Заев кој се очекува покрај своите 49 пратеници да добие подршка од 10 пратеници на ДУИ и два пратеници на “Алијансата на Албанците“.

Денеска во Собранието продолжи седницата на која треба да се бира претседател и членови на комисија за избор и именувања каде за претседател  е предложен Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ. А според меѓу партискиот договор- ВМРО ДПМНЕ треба да има шест члена, 5 СДСМ и по еден ДУИ и Беса.

Спикерот Џафери денеска во неколку наврати имаше проблем да обезбеди кворум затоа што дел од пратениците беа надвор од пленарната собраниска сала. Џафери и вчера од народните избраници побара да бидат дисциплинирани  затоа што тој нема да ги толерира ако доцнат.

„Не сакам да му одземам збор на тој што не дошол овде на време“, изјави вчера  Џафери во врска со недисциплината на пратениците.

Пратениците својот глас за поддршка или против владата и нејзината програма која што вчера ја промовираше мандатарот Зоран Заев влада ќе го дадат нешто пред 24 часот.

Според Заев, програмата на новата влада ќе биде заснована на три начела.

Економијата и живот за сите

Силни професионални институции и правда за сите

Членство во Европската Унија и НАТО, и перспективи за сите