По сугестија од Могерини Заев се смирувал со Вучиќ

Лидерите на балканските земји излегоа вчера задоволни од вечерата со шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, на која една од обврските што ги очекуваше е да ги испеглаат меѓусебните односи, јавува дописникот на Макфакс од Брисел

Задоволен бил и  македонскиот мандатар Зоран Заев кој на сугестија на Могерини имал краток разговор со српскиот премиер и иден претседател Александар Вучиќ во кој му изразил жалење за изјавите со кои го вознемири српскиот државен врв.

„Изразив жалење заради невниманието што некогаш ние политичарите знаеме да го покажеме пред, за време и по кампањите. Многу често тоа е само невнимание и ние со потврда на потребата за заедничка соработка на двете земји се ракувавме. Овој состанок затоа, покрај значењето за нашата европска перспектива, значи и унапредување на соработката меќу Србија и Македонија“, изјавил Заев по вечерата.


Вучиќ пак нагласил дека од нив се барало да не ги ставаат веќе работите под тепих туку да ги решаваат и да ги сочуваат мирот и стабилноста во регионот. Тој потврди дека Заев покажал иницијатива, дека му пришол и како што рече бил многу коректен.
Повеќе во веста на Макфакс.