Договорот меѓу Србија и Македонија кој што е постигнат во телефонски разговор има 5 точки кои што двајцата лидери и нивните земји се обврзале да ги почитуваат.
1. Србија и Македонија сите евентуалнни несогласувања во меѓусебните односи ќе ги решаваат исклучиво со дијалог.
2. Без разлика на сите политички разлики за одредени важни политички и регионални прашања Србија и Македонија заедно ќе се борат не само за зачувување туку и за унапредување на пријателските односи меѓу српскиот и македонскиот народ и граѓаните на Србија и Македонија.
3. Србија и Македонија ќе вложат уште поголеми напори за унапредување на економските односи и зголемување на трговската размена меѓу двете земји.
4. Србија и Македонија во склад со меѓународнот јавно – правни прописи во добра верба и на пријателска основа ќе ги штитат правата и интересите на дипломатско – конзуларните претставништва на своите територии.
5. Србија и Македонија ќе ја интензивираат меѓусебната комуникација на највисоко ниво, ќе се поддржуваат една со друга на европскиот пат и ќе ги засилуваат добрососедските односи во интерес на стабилноста на регионот.