По подолго време, од 17 Јуни кога му била последната објава на социјалните мрежи, во јавноста се јави Сашо Мијалков кој на денот на македонската револуционерна борба објави фотографија со кама и пиштол.
Во честитката за 23 Октомври екс шефот на тајната служба вели дека ВМРО е Македонија а Македонија е ВМРО.
,,Македонија раѓала и ќе раѓа херои.
Нивните идеали за слободна, независна и просперитетна Македонија живееле и ќе живеат пренесувајќи се од генерација на генерација.
Нивните идеали се и ќе останат темел на четирите свети букви ВМРО.
ВМРО е Македонија – Македонија е ВМРО.
Нека ни е честит Денот на македонската револуционерна борба!
Нека е вечна организацијата.
Нека е вечна и благословена Македонија !”, порача Мијалков на празникот.
Мијалков пред 6 години беше исклучен од ВМРО-ДПМНЕ поради поддршката за промена на името, беше осуден за случајот Империја а му се судеше за масовното прислушување и за други корупциски афери.