Муслиманите во Солун вчера го прославија Рамазан Бајрам во Јени џамијата (Нова Џамија) за првпат откако беше отворен за молитва по повеќе по од еден век.
Џамијатѕа била изградена во 18012 година и претворена во музеј во 1925 година по размената на населението меѓу Грција и Турција, пишува „Катимерини“.
Џамијата „беше отстапена“ на неколку часа од Министерството за култура на Министерството за образование и верски прашања за молитва.
Обезбедувањето беше засилено околу локацијата, која пречека повеќе од 100 муслимани по повод крајот на светиот месец Рамазан.
Друга историска џамија, Сулејманија на Родос, исто така беше отворена за молитва во средата, додека муслиманите во грчката престолнина се собраа во новата атинска џамија во централниот кварт Вотаникос.