Србија ќе влезе во Европската Унија дури по завршувањето на дијалогот со Косово, изјавил првиот човек на Советот на ЕУ полскиот дипломат Доналд Туск на прес конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Принципот кој што за Македонија важи за влез во НАТО и ЕУ, прво да го реши спорот за името со Грција сега важи и за Србија која пред да влезе во унијата мора да најде взаемно прифатливо решение со Косово. Без решен спор со Приштина односно без признавање на независноста на екс покраината Белград не може да смета на влез во ЕУ.

„На крајот на дијалогот следува полноправно членство на Србија во ЕУ. Тоа е тоа што вго ветивме во Солун и што сме подготвени да го исполниме“, изјави Туск денеска во Брисел иако знае дека признавањето на Косово од страна на Србија може да значи крај на најпопуларниот српски политичар од времето на Милошевиќ.

Туск на Вучиќ му порачал дека „Србија направила геостратешки избор кога се одлучила за ЕУ и од таму нема враќање“, и дека се надева дека во тој избор ќе следуваат и санкции. Оваа порака за обичен српски граѓанин со себе содржи голема доза на цинизам.

Дипломатското фијаското на Вучиќ кој пред посетата на Брисел најавуваше дека ќе се бори за датум за влез во ЕУ, е уште поголемо затоа што покрај уцената за признавање на Косово тој од седиштето на унијата се враќа и без никаква временска рамка кога неговата земја може да се надева на членство.

Пред заминнувањето на Вучиќ на Брисел косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај изјавил дека Приштина е заинтересирана за почеток на последната фаза на дијалогот со Белград што според него би довела до меѓусебно признавање.

Со пораките од Брисел денеска, јасно е дека регионот доби уште една земја  која иако не е членка на ЕУ има моќ да стави вето при членството во унијата. Позициите на Косово по изјавата на Туск се драматично подобрени затоа што Приштина е таа која што сега индиректно одлучува за европските инеграции на Србија.