Откако Стеф Кари ја надмина бариерата од 200 милиони долари за договор со некоја спортска екипа, во случајот во прашање беше НБА првакот, Голден Стејт, сега веќе лимит нема. Доказ за тоа е веста од Хјустон дека Џејмс Харден потпишал договор со Рокитс за 228 милиони долари. Да биде најинтересно не станува збор за кој знае колку долга обврска затоа што во прашање се само 4 години, од 2019 до 2023. година. Причината за одложеното активирање на договорот лежи во “Селари капот” кој го обврзува тексашкиот тим и не му дозволува веднаш да му ги зголеми приходите на извонредниот поентер.

“Тој е еден од најуникатните и најталентираните играчи во историјата на нашиот спорт, а ние со овој договор се погриживме тој да биде лидер при нашиот нов напад на шампионскиот прстен” вели сопственикот Лесли Александер.

Брадата како што го нарекуваат 27. годишниот Ол раунд во минатата сезона експлодира кошаркарски и имаше 29.1 поен, 11. 2 асистенции и 8.1 скок по натпревар во просек. Нему во новата НБА кампања на помош кон финале и прстенот му доаѓа Крис Пол од Клиперси.