По одлуката на Апелацискиот во Кожани со кој се забранува функционирање на Центарот за македонски јазик во Лерин активисти на Центарот најавуваат жалба до во Врховниот суд во Грција, а потоа и во Стразбур.

Тие се категорични во својата намера да ја продолжат борбата за Центарот за македонски јазик во Лерин во соседна Грција.

Центарот за македонски јазик беше регистриран во Лерин пред две години и беше првата организација која директно се грижи за македонскиот јазик. Ваквиот чекор тогаш беше поздравен и протолкуван како признавање на македонскиот јазик од Грција.

Иако судот во Лерин лани ги отфрли сите тужби од неколку грчки ултранационалистички организации и мали партии и ја потврди законитоста на регистрацијата на оваа невладина организација, сепак грчка Апелација постапувала по приговор на јавниот обвинител од Лерин за укинување на првостепеното судско решение со кое се основа ова невладино здружение на Македонците во Грција.