По дебаклот на изборите СДСМ почнува со подготовки за отчетен конгрес

По изгубените двојни избори, СДСМ идната недела ќе започне со подготовки за отчетниот конгрес кој го најави Димитар Ковачевски на изборната ноќ на 8-ми мај
-Највисоките партиски органи на СДСМ следната недела ќе одржат состаноци на кои ќе се извршат подготовките за свикување отчетен конгрес, согласно статусот на партијата, по поразот на двојните избори кои ги претрпе партијата и најавите за смена на раководството.

На отчетниот конгрес, како што наведуваат од партијата, ќе се рагледаат причините за изборниот резултат, спроведените анализи и поднесените извештаи за работењето на партијата.
-Процесот на обнова ќе биде на сите нивоа, ќе се избира претседател, заменик-претседател, раководство, сите органи и тела на партијата на централно и локално ниво, согласно Статутот на СДСМ“, велат од партијата.