Почнува расправата за Предлог-буџетот за 2025-та година

Денеска, со почеток во 11 часот, во собраниската Комисија за финансирање и буџет  почнува расправата за Предлог-буџетот за 2025 година.



Владата го усвои Предлог-буџетот на 29 октомври и во него економскиот раст е проектиран на ниво од 3,7 проеценти, буџетскиот дефицит на четири проценти од БДП, а инфлацијата на 2,2 проценти.

Според министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, со Предлог-буџетот се поставени темелите за стабилизација на јавните финансии и економскиот раст. Тој содржи политики и мерки за фискална консолидација и дисциплинирано даночно трошење, како и мерки и политики за поттикнување на економскиот раст.

Со еден збор креиравме Буџет којшто треба да носи вистински развој на државата“, рече министерката.

Опозицијата најави дека нема да даде поддршка на Предлог-буџетот затоа што според нив тој е нереален и неразвоен. Пратениците од СДСМ поднесоа над 200 амандмани.