„Почнаа“ преговорите за ослободување на заложниците и за прекин на огнот во Газа

Преговори за ослободување на аложништво и прекин на огнот во Газа „започнале“ вчера во Доха, главниот град на Катар, изјави дипломат запознаен со ова прашање за Си-Ен-Ен .

Ова е прва рунда разговори на високо ниво по повеќе од два месеци.

Американските власти се залагаат за обновен моментум по убиството на лидерот на Хамас Јахја Синвар од страна на Израел.

Претходно , Египет јавно предложи дводневен договор за прекин на огнот во кој четворица израелски заложници во Газа ќе бидат разменети за палестински затвореници кои се држат во Израел.

Каиро одигра клучна улога во посредувањето во разговорите, заедно со Катар и САД.