Турскиот муслимански проповедник Фетулах Ѓулен, за кој Анкара тврдеше дека го организирал неуспешниот пуч во 2016 година, почина во САД на 83-годишна возраст, објавија денеска турските медиуми.
Тој беше основач на моќното исламско движење „Фето“ , а последните години ги помина обвинет за организирање на обидот за државен удар против турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган.
„На социјалните мрежи поврзани со терористичката организација ФЕТО се тврди дека водачот на организацијата, Фетула Ѓулен, починал.
Во објавата на „Herkülnağme“, еден од профилите на социјалните мрежи што најчесто ги користи раководството на ФЕТО, се тврди дека Ѓулен починал во неделата вечерта во болница каде што бил на лекување. “ пренесе агенцијата Анадолу.
Ердоган го сметаше Фетулах Ѓулен за одговорен за обидот за државен удар во 2016 година.
Ѓулен живееше во егзил во САД од 1999 година.