Прегазено дете ги скара вишото и републичкото јавно обвинителство

Републичкото обвинителство според извори на Алсат-М телевизија на следното рочиште кое ќе се одржи во вторник може да одлучи да се преквалификува делото во случајот на малиот Алмир Алиу од „убиство“ во „сообраќајна несреќа со смртни последици“.

Ваков можен чекор според телевизијата доаѓа по жестоките судири меѓу обвинителите во Вишото и во Републичкото обвинителство, каде се расправало за овој случај.

Според телевизијата Алсат – М обвинителите Албанци бараат за случајот од 25 јули 2016 година во Куманово, кога лицето Бобан Илиќ со своето возило го прегази четиригодишниот Алмир Алиу, да се суди за убиство.

Контра нив се останатите обвинители кои сакаат на Илиќ да му се суди за сообраќајка со причинета смрт.

Разликата меѓу овие две кривични дела е 6 години. За убиство минимална казна е 10 а за сообраќајка со смртни последици 4 години затвор.