ЕУ ја пофали новата влада за односот кон соседите и за планот за реформите и веднаш ја искритикува за промените во јавната администрација. Овие пораки денеска меѓу другото ги добила македонската влада за време на Советот за стабилизација и асоцијација (ССА) кој денеска се одржа во Брисел.
Како што јавува дописникот на Новатв.мк од Брисел денешниот состанок траел неполни два часа и на него високата претставничка за надворешна политика Федерика Могерини, комесарот за проширување Јоханес Хан, шефот на нашата дипломатија Никола Димитров и министерот за ЕУ интеграција Бујар Османи разговарале за сите актуелни проблеми на патот кон ЕУ.
ЕУ од гостите побарала да се утврди одговорноста за прислушувањето и нападот во Собранието на 27 април и ја критикувала владата поради пребрзи законски предлози кои што мораат да бидат квалитетни а не само итно донесени. ЕУ ги критикува и смените на директорите, кои за разлика од промената на јавниот обвинител која се води согласно процедурите, биле менувани без објаснување во јавноста. Така не се оди кон деполитизација, е пораката од Брисел според порталот.
целиот извештај на новатв.мк.