Постојано им ѕвони телефонот на приватните превозници, велат имаат многу притисоци

Нова учебна година, еден куп нови проблеми. Учениците во Скопје кои зависат од автобуси со приватни превозници утре ќе се соочат со недостиг и прекин на транспортот. Десет линии од првиот и третиот пакет превозници ќе сообраќаат само со првата тура во 5 часот наутро, а потоа автобусите ќе се вратат во гаражата и ќе ги стопираат услугите до крајот на денот. Превозниците тврдат дека ЈСП им должи значителни суми, што резултира со ова нарушување на јавниот превоз.

Решение ќе бараат на состанок со раководството на ЈСП и секретарот на град Скопје. Очекуваат исплата на долгот, но и зголемување на цената за изминат километар. Денеска одбија да говорат јавно за проблемот, сакале да го видат исходот од утрешниот состанок.. Се пожалија на притисоци ама не откриваат кој барал нивните возила да останат на градските улици. Го отфрилија обвинувањето од градоначалничката Арсовска дека одлуката за прекин на линиите е полиитчки мотивирана.

Во меѓувреме, фирмата која има дозвола за шест линии, утре нема да се вклучи во блокадата. Го почитувале договорот со ЈСП, па нивните автобуси утре ќе го сообраќале стандрадниот возен ред.

„Фирмата ги почитува и реализира обврските што произлегуваат од законите, одлуките и актите, со кои се уредува превозот на патници и ќе продолжи да го извршува договорот со континуирано и редовно одржување на линиите 9, 11, 11а, 12, 47 и 55“

Раководството на ЈСП мочи. Непознато е дали завршило сервисирањето на 30-тина автобуси потребни за зимскиот возен ред, и колку возила за него недостасуваат. Владата пак веќе ја повика градоначалничката да ги исплати парите кон приватните превозници што им ги должи, бидејќи како што велат, така се пополнувала празнината на ЈСП во сообраќајот.