Портпаролот на Трамп, Хилари Клинтон и бомбардирање на Македонија

Портпаролот на Белата Куќа, Шон Спајсер синоќа збуни голем дел од американската јавност која што не ја следи детално американската политичка сцена.

Преку пост на социјалната мрежа Твитер Спајсер со иронична порака побара јавноста да замисли како Хилари Клинтон како претседател на САД би се обидела да добие поддршка од Обединетите Нации и НАТО за авио напади во Македонија.

„Само замислете како претседателката Холари Клинтон се обидува да изгради поддршка од ОН и НАТО за изведување воздушни напади на Македонија“, напиша во својата порака портпаролот на американскиот претседател Доналд Трамп, по што следуваат урнебесни коментари.

Спајсер саркастичната порака за Клинтон ја даде откако предходно за американските медиуми Хилари Клинтон посочи две причини за нејзиниот пораз на претседателските избори: Македонските хакери од Велес и Русија.

Пораката на Спајсер беше објавена само еден час пред американскиот претседател Трамп да објави дека САД се повлекува од парискиот договор за климатски промени што е еден од најкрупните чекори на американската држава на мултилатерален план во последниве децении.