Порошенко: Трета светска војна веќе се случува!?

Ова го изјави поранешниот претседател на Украина наведувајќи дека севернокорејските трупи се борат заедно со руските сили и дека Русите користат оружје од иранско производство за да ја нападнат неговата нација.

Во интервју за Тајмс оф Малта, Петро Порошенко, поранешниот украински претседател во периодот 2014-2019,  изјави дека партнерите на Украина треба да се разбудат.

„Трета светска војна веќе се случува“, вели Порошенко.

Предупредувајќи дека севернокорејските војници се испраќаат во Украина за да стекнат борбено искуство, поранешниот претседател рече дека војниците ќе се користат во Југоисточна Азија за „уцена на светот“.

„Потребен ни е ефикасен механизам за да ги направиме ефективни санкциите и да ги спречи Иран и Северна Кореја да го испорачуваат ова оружје. Ова ќе ја направи победата многу поблиска, а Русија ќе биде многу послаба“, вели тој.

Поранешниот претседател на Украина рече дека иако неговата земја не се плаши од Владимир Путин, рускиот претседател „сака да ги исплаши нашите партнери на Запад“.
Ова, смета тој, е „апсолутно неопходно“ за Путин да ги постигне своите цели.

„Путин не се бори само против Украина, тој се бори против Полска, против балтичките земји и мисли дека може да се бори против Германија затоа што мисли дека Дрезден, каде што служел како офицер на КГБ, е исто така зона на руски интерес“. вели тој.

Нагласувајќи дека иако победата на Украина не значи смрт на Путин или „ставање украински знамиња на Кремљ“, Порошенко рече дека целта на неговата земја е да ја спречи Русија да ја продолжи војната…