Берлинскиот весник „Берлинер куриер“ отиде најдалеку во критиките до претседателот на САД Доналд Трамп кој вчера реши да се повлече од парискиот договор за климатските промени.
На денешната насловна страница таблоидот на американскиот претседател му ја испрати следнава порака:
„Земјата до Трамп – е.и се“
На насловната страница на Берлин Куриер се прикажани слики од планетата земја и американскиот претседател.
Предходно во март весникот кој е познат по својата нетолерантност кон политичари од Германија и од светот објави текст за израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху во кој тој се нарекува „Фирер“ и се прогласува за најлудиот светски лидер.